Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои учесници на Евровизија!
Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.
– Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа. Немаше изненадувања – изјави Захарова на својот канал Телеграм.
— Pluton (@Pluton45873221) May 12, 2024
Захарова објави и краток клип на кој се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска.
Овогодинешниот победник е репрезентативецот на Швајцарија, познат под псевдонимот Немо, кој во неизвесен финиш и ја одзеде победата на Хрватска.
Евровизија е меѓународен музички натпревар кој се одржува под покровителство на Европската радиодифузна унија.