На меѓународната донаторска конференција денеска во Кувајт беа ветени повеќе од две милијарди долари за помош на Појасот Газа, уништен по повеќе од седум месеци војна меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
На конференцијата што ја организираа Меѓународната исламска добротворна организација и Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН, беше речено дека средствата ќе се распределуваат за две години, со можност за продолжување.
Целта на помошта е да се поддржат виталните хуманитарни операции на палестинските територии.