Британскиот боксер Шериф Лавал (29) почина во рингот откако беше нокаутиран во своето професионално деби во неделата во Лондон.
Тој беше соборен од Малам Варела со удар во главата во четвртата рунда од шест рунди меч во средна категорија во спортскиот центар „Хароу Лејзр“ во Лондон, пренесува АП.
Судијата Ли Ејвери почна да одбројува, но застана и ги повика лекарите, кои го лекуваа Лавал во рингот околу 20 минути.
После тоа, боксерот бил пренесен во блиската болница Нортвик Парк, каде што била констатирана смрт.
Британскиот боксерски одбор за контрола изрази сочувство до семејството на трагично загинатиот боксер.
– Мислите на сите кои се занимаваат со бокс во Велика Британија се со нив во ова тешко време – се наведуваше во соопштението на платформата Х.