Свет

Од шини излета теретен воз во близина на Волгоград, се вели дека имало „интервенција на неовластени лица“

Од шини излета теретен воз во близина на Волгоград, се вели дека имало „интервенција на неовластени лица“

Руските медиуми јавуваат дека од шини излетал товарен воз во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“.

„На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица“, се наведува во извештаите на агенциите Тасс и Риа Новости и весникот „Известија“.

Пожарот што избувна во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштија за Риа Новости во седиштето на Министерството за вонредни состојби.

Детали за инцидентот не се објавени.

На тој дел од пругата на една од двете шини повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.

Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напад на украински беспилотни летала.

ФОТО: Илустрација

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни