Со четири цивилни полициски автомобили, без ротациони светла, само со звучна сигнализација Љупчо Палевски – Палчи синоќа по 21 часот беше однесен во затворот „Скопје“ или попознат како Шутка.
Колоната од четири возила од Аеродромот до затворот се движеше речиси незабележано. Сообраќајот беше густ, па на никаков начин возилата не привлекуваат внимание, ниту пак се разликуваа од останатите учесници во сообраќајот. Иако голем број на медиумски екипи ги чекаа токму тие автомобили, а во една од нив се наоѓаше и Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за двојно убиство.
Седнат на задната клупа измеѓу две лице, цивили Палчо влезе во затворот, со себе го носеше и куферот со кој допатува од Турција каде беше фатен во моменти на бегство.
Во комерцијалниот лет со кој допатува Палчо, имало специјални единици од турската полиција, а по слетување во Скопје, надлежноста ја презеле македонските специјални единици.
Посебни правила имало и во затворот „Скопје“. Голем број на специјални единици беа распоредени на влезот но и во затворот. Според наши извори, сите затвореници биле под клуч, а командирите издале наредби дека никој не смее да излегува надвор од местото каде што издржуваат затворска казна без разлика дали во отворено или полуотворено одделение.
Според информациите, неодамна била спремна посебна соба за Палевски и истиот ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓало преку посебен ходник, пишува СДК.мк