Свет

Хамбург воведува забрана за никаб и бурка во училиштата

Хамбург воведува забрана за никаб и бурка во училиштата

Покривањето на лицето со никаб или бурка ќе биде забрането во училиштата во градот и сојузната покраина Хамбург, јавуваат германските медиуми.

„Училиштето и покривањето на лицето не одат заедно. „Гледањето на лицето на соговорникот е важно за комуникација“, вели Нилс Хансен, експерт за образование во огранокот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Хамбург.

Сите репрезентативни клубови во покраинскиот сенат, освен партијата Левица, гласаа за усвојување на закон со кој ќе се овозможи забрана за покривање на лицето.

Правната иницијатива беше покрената откако судот во Хамбург во 2020 година ја прифати тужбата поднесена од 16-годишна ученичка која се жалеше дека била исфрлена од часови поради носење никаб. Судот потоа ја образложи пресудата дека нема законска основа за ваква забрана.

Хансен објасни дека никабот во училиштата во Хамбург не е масовна појава и дека станува збор за десетина случаи, но донесувањето на законот го оправдува со потребата училиштата да можат да се повикуваат на законот во своите одлуки.

Сè уште е дозволено носење заштитна маска како заштита од инфекција и шамија како покривка за глава.

Во Германија, прашањето за забрана на покривање на лицето од религиозни причини постојано се поставува, а со оглед на тоа што образовната политика е одговорност на сојузните држави, прашањето не е униформно решено низ целата земја.

Во последните недели во Хамбург се одржаа протести на исламисти со барање за воведување шеријат во Германија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни