Околу 23 мигранти исчезнаа откако тргнаа од Тунис со брод за Италија, соопшти во саботата националната гарда на земјата.
Тунис се бори со тешка миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток со надеж за подобар живот во Европа.
Националната гарда ја известила морнарицата да помогне во потрагата по исчезнатите лица, пишува SkyNews.