Свет

Американскиот министер за одбрана го повика Израел: Бројот на жртви е превисок

Американскиот министер за одбрана го повика Израел: Бројот на жртви е превисок

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во петокот го повика Израел подобро да ги заштити цивилите во Појасот Газа додека се обидува да го елиминира Хамас.

„Бројот на жртви е премногу голем“, рече Лојд Остин на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, коментирајќи ја војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

„Разговарав со мојот колега во повеќе наврати и ги охрабрувам да бидат попрецизни и да се погрижат да ги заштитиме цивилите на бојното поле“, рече тој.

„Израел мора да стори сé што е можно за да го минимизира бројот на цивилни жртви во борбената зона“, посочи тој.

„Постигнувањето воени цели и заштитата на цивилите во борбена зона не се исклучуваат меѓусебно“, рече Остин.

Тој нагласи дека милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население и ги користат како жив штит, велејќи дека тоа е „тактика достојна за целосен презир“.

Заштитата на цивилното население „е стратешки императив“, рече Остин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни