Македонија

ЦУК: 200 пријави за штети во Тетово, пријави и за штети на возила (ФОТО/ВИДЕО)

ЦУК: 200 пријави за штети во Тетово, пријави и за штети на возила (ФОТО/ВИДЕО)

На 112 има повеќе од 200 пријави за штети. Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино.

Во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните претпријатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите.

Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни