Балкан

Маж дошол со коњ во кафуле во Батајница, го претепал келнерот затоа што не сакал да го послужи

Маж дошол со коњ во кафуле во Батајница, го претепал келнерот затоа што не сакал да го послужи

Во Третото основно јавно обвинителство во Белград е сослушан мажот С.Д на возраст од 38 години за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „насилно однесување“.

Обвинетиот С.Д е обвинет дека на 26 јуни во ресторан во Батајница тешко го повредил Д.А.(64) удирајќи го неколку пати во пределот на главата и телото, соопшти Обвинителството.

Д.А., како што е наведено, претходно го предупредил С.Д дека не може да биде услужен бидејќи дошол во објектот со коњ и кочија, а коњот го пуштил да ги напасува цвеќињата што биле во жардинери.

Пријавениот фрлил и столови кон оштетениот од локалот во кој во моментот имало гости – очевидци на настанот, а целиот настан бил снимен со камера за видео надзор.

Пред јавниот обвинител, обвинетиот се бранеше со молчење, а имајќи предвид дека постојат околности кои укажуваат дека обвинетиот додека е на слобода ќе влијае врз сведоците и дека со оглед на претходните убедувања ќе го повтори кривичното дело дело, на предлог на Третото основно јавно обвинителство во Белград, судот во Белград му одредил притвор на обвинетиот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни