Свет

ХАОС! Голем технички дефект ги погоди аеродромите, банките, медиумите и продавниците

ХАОС! Голем технички дефект ги погоди аеродромите, банките, медиумите и продавниците

Според западните медиуми, големиот прекин е поврзан со оперативниот систем Виндоус.

Во светот утрово е пријавен дефект во компјутерскиот (ИТ) систем, а погодени се авиокомпаниите, железничката мрежа, банките и медиумите. Според западните медиуми, големиот прекин е поврзан со оперативниот систем Windows. Би-Би-Си наведува дека летовите на многу аеродроми се суспендирани и дека причината е непозната, но дека Мајкрософт е ангажиран за решавање. Се вели дека железничките компании во Велика Британија пријавиле големи ИТ проблеми, а извршниот директор на Скај њуз најавил дека телевизијата не може да ја емитува програмата во живо. Проблеми се забележани и на лондонската берза. Аеродромот Шипхол во холандскиот град Амстердам пријавил доцнење на летовите поради дефект на компјутерот. Си-Ен-Ен ја пренесе објавата на американските воздухопловни власти дека летовите на различни авиокомпании се приземјени, без разлика на нивната дестинација. Не е јасно колку долго ќе трае прекинот на летовите во Америка. Летовите беа прекинати на аеродромот во австралискиот град Сиднеј. АФП објави изјави од Мајкрософт дека презема акција за да ги ублажи проблемите со услугата.

Причината за нарушувањето на ИТ секторот не е утврдена, но многумина кои се засегнати го поврзаа со оперативните системи на Мајкрософт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни