Свет

ПАДНА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МЕТАР СНЕГ На југоистокот на Австралија

ПАДНА ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МЕТАР СНЕГ На југоистокот на Австралија

Повеќе од 50 сантиметри снег паднаа во популарните скијачки центри во југоисточна Австралија.

Во градот Фолс Крик на северо-источниот дел на Викторија во изминатите 24 часа паднале 45 сантиметри снег, а во последните седум дена повеќе од 70 сантиметри. Менаџерот на планината Булер и скијачкиот центар Мт Стирлинг, Дејвид Кларк изјави дека снегот непрекинато паѓа од петокот навечер, пренесува Гардијан. На планината Хотам до утринава паднаа 31 сантиметар снег, а на север, во ски-центарот Тредбо, во текот на ноќта паднаа 27 сантиметри снег. Метеоролозите предвидуваат дека во следните десет дена би можеле да наврнат уште 50 сантиметри снег.

Студениот бран што се движи низ Јужна Австралија кон Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд донесе снег, снежна бура и рекордно ниски температури, пренесува Танјуг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни