Свет

Бајден се повлекува, нема да биде кандидат на изборите

Бајден се повлекува, нема да биде кандидат на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека се повлекува како кандидат на демократите за претстојните американски избори.

Во изјавата споделена на X, претседателот рече дека „во најдобар интерес на неговата партија е “да се откаже и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на мојот мандат“.

Бајден се соочува со зголемени повици во последните недели да се повлече поради загриженоста за неговата возраст, здравје и способност да управува со земјата.

Пред неговото соопштение, 37 демократи од Капитол Хил го повикаа претседателот да се повлече.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни