Деведесетгодишен старец кој бил заклучен во црква во германскиот град Аполда успеал да повика помош ѕвонувајќи на црковните ѕвона рано утрото, соопшти во неделата полицијата.
Претходно беше пријавено за исчезнато лице кое не се вратило во домот за стари и изнемоштени лица каде живее од настан во црквата. Полицијата не успеала да го пронајде.
Ѕвонењето во необично време, три часа и 15 минути по полноќ, го заинтригирало дежурниот полицаец во локалната станица кој ги испратил своите колеги да истражат за што се работи.
Кога пристигнале, слушнале како 90-годишен старец ги повикува од црквата и го повикале свештеникот кој ја отклучил вратата.
Тој им рекол на полицајците дека откако бил заклучен надвор, со часови ја пребарувал црквата за системот за контрола на камбаната.