Тројца мажи се убиени, а уште најмалку шест се ранети во пукање на митинг во Западна Филаделфија, соопштија властите.
Не беше објавено за каков собир се работи.
Полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле присутни во населбата Керол Парк кога пукањето избувнало во неделата нешто по 2 часот по локално време. Во соопштението се додава дека прелиминарните информации што ги собрале укажуваат на „размена на оган меѓу неколку страни“ и дека биле пронајдени чаури за муниција од неколку калибри.
Еден маж (33) е констатирана смрт на лице место, а други двајца мажи на возраст од 23 и 29 години починале во болница.
Нивните имиња не се објавени.
Повредени се една девојка (26) и пет мажи на возраст од 27 до 30 години, но се во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Човекот кој почина на местото на настанот е застрелан од непосредна близина и се сомнева дека бил главната цел.
Најмалку еден пиштол е пронајден, а полицијата ги пребарува камерите за надзор.
Засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент.