Премиерот Христијан Мицкоски на својот X (екс Твитер) профил истакна дека денеска со голема гордост го проследуваме свеченото отворање на 33. Олимписки игри што се одржуваат во Франција.
Како што вели, на Олимписките игри има шест храбри и посветени спортисти.
„Македонија ќе биде претставена од шест храбри и посветени спортисти кои ќе се натпреваруваат на овој величествен настан. Нашите спортисти се пример за решителност, дисциплина и труд. Тие ни покажуваат дека со напорна работа и верба во себе, можеме да ги надминеме сите предизвици и да го достигнеме врвот. Со гордост ги поддржуваме во нивните напори и им посакуваме успех во секој натпревар. Олимписките игри ни ја покажуваат моќта на спортот да ги обедини луѓето од различни култури и традиции, да го промовира мирот и разбирањето и да ги инспирира новите генерации. Да ги поддржиме нашите спортисти со нашите срца и мисли и да се гордееме со нивните достигнувања. Нека овој настан биде потсетник за сите нас дека кога работиме заедно и се стремиме кон нашите цели, можеме да постигнеме големи нешта. Секој чекор што го прават нашите спортисти на олимписките терени е чекор кон поголема слава за нашата држава. Заедно, во духот на спортот и натпреварувањето, да создаваме колективен амбиент на нови успеси и победи“, напиша Мицкоски.