Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах поради гафот за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Додека јужнокорејската делегација се возеше на брод по Сена на церемонијата на отворање на Олимписките игри, францускиот најавувач преку разглас објави – Демократска Народна Република Кореја – што е официјалното име на Северна Кореја.