Свет

Од утрово сите возови сообраќаат нормално во Франција

Од утрово сите возови сообраќаат нормално во Франција

Сите возови во Франција од утрово сообраќаат нормално, по саботажата на железничката мрежа што се случи во петокот, неколку часа пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, изјави францускиот министер за транспорт, Патрис Вергријт.

Тој рече дека „од 800.000 патници кои биле потенцијално погодени за време на викендот, 700.000 успеале да го завршат своето патување“, пренесува BFM TV.

Во Франција вчера завршија поправките на железничките пруги оштетени од пожарите што ги подметнаа во петокот, соопшти францускиот национален железнички оператор SNCF.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни