Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и актуелен кандидат за функцијата шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, да го посети Киев.
Според Зеленски, за време на телефонскиот разговор, тој го поканил Трамп да ја посети, истакнувајќи дека „ако господинот Трамп сака да знае нешто за Украина, може да дојде да види со свои очи или да ме праша мене“.
„Разговаравме со неговиот тим, господинот Трамп ми рече дека е достапен за сите прашања и дека го имам неговиот телефонски број“, изјави украинскиот претседател.