Свет

ВИДЕО: Воз излета од шини во Русија, повредени 100 лица

ВИДЕО: Воз излета од шини во Русија, повредени 100 лица

Според прелиминарните информации, 100 лица се повредени во железничката несреќа што се случи денес во близина на Волгоград, Русија, кога возот се судрил со камион и излетал од шините, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на Телеграм канал 112.

Агенцијата ТАШ наведува дека се превртеле осум вагони. И други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.

Интерфакс наведува дека во возот имало и до 1.000 патници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни