Македонија

„Исправни се тестовите за голема кашлица“ – МВР и Обвинителството ја истражуваат саботажата во ИЈЗ

„Исправни се тестовите за голема кашлица“ – МВР и Обвинителството ја истражуваат саботажата во ИЈЗ

Институтот за јавно здравје соопшти дека тестовите за голема кашлица и реагенсите кои се наоѓаа во фрижидерите и комората на Одделението за бактериологија, кои завчера беа исклучени, се исправни и функционални.

Веднаш по инцидентот бил направен увид и извршени се неопходните микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста, при што било утврдено дека може да се продолжи со нормално функционирање на одделението. Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека на 31 јули од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенсите.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, истакна дека во исклучената комора се чувале значајни реагенси кои се неопходни за детекција на разни заболувања, нагласувајќи дека инцидентот можел да предизвика општа опасност по здравјето и животот на граѓаните, особено во контекст на тековната епидемија на голема кашлица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни