Македонија

Две жени истепале маж во трговски во Гостивар, претходно се скарале со неговата сопруга!

Две жени истепале маж во трговски во Гостивар, претходно се скарале со неговата сопруга!

На 12.08.2024 во 20.45 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.Ш.(30) од гостиварско Дебреше и М.Е.(29) од гостиварско Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.00 часот во трговски центар во Гостивар физички го нападнале А.А.(36) од Гостивар, по расправија на неговата сопруга и друго женско лице.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни