Свет

ГО СОВЛАДАА ЕМОЦИИТЕ: Бајден заплака на сцената! ВИДЕО

ГО СОВЛАДАА ЕМОЦИИТЕ: Бајден заплака на сцената! ВИДЕО

Синоќа во Чикаго се одржа конвенцијата на Демократската партија на која говореше и американскиот претседател во заминување. Актуелниот американски претседател Џозеф Бајден во својот говор на конвенцијата на Демократската партија ја прифати Камала Харис како лидер на партијата во борбата за Белата куќа против републиканецот Доналд Трамп.

Бајден ја прогласи Харис за иднината на партијата. Како што пренесува Ројтерс, Бајден бил во центарот на вниманието на партиската конвенција и неговото појавување предизвикало овации кај неговите сопартијци. Бришејќи ги солзите откако беше претставен од неговата ќерка Ешли и мавтајќи со толпата што држеше знаци на кои пишуваше „Го сакаме Бајден“, тој рече: „Ве сакам и ја сакам Америка“. – Дали сте подготвени да гласате за слобода? Дали сте подготвени да гласате за демократија и Америка? Да ве прашам, дали сте подготвени да ги изберете Камала Харис и Тим Волк – праша Бајден. Во својот говор тој продолжи да ги пофали достигнувањата на неговата администрација, зајакнувањето на американската економија и зајакнувањето на американските сојузи во странство. Тој го осуди расизмот и надмоќта на белите кои продолжуваат да ја измачуваат Америка. Бајден следните денови ќе ги помине на одмор во Калифорнија. Тој додаде дека Харис е најдобрата личност да ја заврши работата што ја започна – да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп и да ја заштити американската демократија од него. Првата дама на САД, Џил Бајден, пред својот сопруг проговорила како решил да се откаже од кандидатурата. -Го гледав како копа длабоко во неговата душа и одлучи да не бара реизбор и да ја поддржи Камала Харис. Нашиот син Бо првпат работеше со Камала кога беше јавен обвинител на Делавер. Ми кажа на трпезата една вечер. „Мамо, таа е посебна. Некој на кого треба да внимавате.‘ И тој беше во право! Џо и јас ја видовме нејзината храброст, нејзината решителност и каков лидер е таа. Камала и Тим, ќе победите – изјави Џил Бајден. На почетокот на конвенцијата, Камала Харис ненадејно се појави на сцената и накратко ги поздрави делегатите. – Ова ќе биде прекрасна недела. Сакам да започнам со тоа што ќе му кажам здраво на нашиот претседател, на кого сме вечно благодарни. Сакаме да се бориме за идеалите кои ни се при срце. Кога се бориме, победуваме – рече таа. На конвенцијата говореше и Хилари Клинтон, која во 2016 година претрпе пораз во изборната трка од Доналд Трамп. Клинтон беше првата жена која успеа да биде претседателски кандидат на голема американска партија. – Приказната за мојот живот и историјата на нашата земја е дека напредокот е можен, но не и гарантиран – изјави Клинтон, која исто така ја загуби кандидатурата за номинација во 2008 година од Обама. Таа го пофали Бајден што донел пристојност, достоинство и компетентност во Белата куќа. – И сега, пишуваме ново поглавје од американската приказна – рече Клинтон.

– Камала има карактер, искуство и визија да не води напред.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни