Свет

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово погоди делови од Пакистан и предизвика паника кај жителите. Сè уште нема извештаи за штета, соопштија официјални лица.

Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, пренесува АП.

Според Националниот центар за сеизмички мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од Пакистан.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во 2005 година загинаа 20.000 луѓе во Пакистан и Индија, потсетува АП.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни