Свет

На 117-годишна возраст почина најстарата личност на светот

На 117-годишна возраст почина најстарата личност на светот

Марија Брањас, Шпанката родена во Америка, која важи за најстарата личност на светот, почина на 117-годишна возраст, соопшти денеска нејзиното семејство.

Истражувачка група за геронтологија, која ги проверува деталите за луѓето за кои се смета дека имаат 110 или повеќе години, го прогласи Брањас за најстарата личност на светот, откако француската калуѓерка Лусил Рендон почина минатата година на 118-годишна возраст, пренесува АП. Брањас е родена во Сан Франциско на 4 март 1907 година, пред нејзиното семејство да се врати во Шпанија кога таа била млада. Во моментот на нејзината смрт, таа живеела во дом за стари лица во каталонскиот град Олот. Нејзиниот профил на X се вика „Супер каталонска баба“, а под него пишува: „Стара сум, многу стара, но не сум идиот“.

На нејзино место како најстара личност на листата на Геронтолошката истражувачка група е Јапонката Томико Итока, која има 116 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни