Македонија

Овој град во Македонија денес беше најтопол!

Овој град во Македонија денес беше најтопол!

Максималните температури денес беа 19 Попова Шапка, 23 Лазарополе, 24 Крушево, Маврови Анови, 26 Берово, 27 Крива Паланка, 28 Охрид, 29 Претор, Прилеп, 30 Битола, 31 Виница, Штип, Тетово, 32 Струмица, 33 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, 34 Велес, Гевгелија, 35 Скопје-Петровец.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 7 Велес, 5 Гевгелија, 1 Демир Капија. Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денес беше во претпладневните часови во источниот дел од земјата имаше зголемена облачност, а во западниот беше сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дуваше слаб до умерен, а во Штип засилен ветер од северен правец, каде
достигнуваше брзина над 50км/ч.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, а наместа се уште нестабилно со краткотраен дожд и грмежи. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни