Балкан

Пронајдено тело на рударот кој падна во јамата на рудникот Грот кај Врање

Пронајдено тело на рударот кој падна во јамата на рудникот Грот кај Врање

Телото на рударот кој ноќта меѓу 3 и 4 септември падна во јамата на рудникот Грот кај Врање е пронајдено вечерва, потврдија од Основното јавно обвинителство Врање.

Во текот на 4 септември, припадниците на противпожарната единица се обиделе да го пронајдат и извлечат рударот.

Белградските медиуми јавуваат дека обвинителството наредило обдукција на телото на рударот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни