Македонија

Дождот помогна во пожарите, засега активни се пет

Дождот помогна во пожарите, засега активни се пет

Во текот на денешниот ден, до 18:30 часот има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 5 и изгаснати се 16.

АКТИВНИ: 5

1. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостеблeста шума);

2. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, с.Мало Илино (сува трева);

3. Општина Охрид: с.Горенци, во близина на аеродромот (мешана шума и депонија);

4. Општина Дебар: с.Бомово (мешана шума);

5. Општина Кичево: с.Арангел (деградирана шума).

ПОД КОНТРОЛА: 5

1. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);

2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);

3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);

4. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);

5. Општина Брвеница: с.Милетино (шума и сува трева).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни