Свет

ТОА НЕ Е НАША ВОЈНА, РУСИЈА НЕ Е ЗАКАНА! Виктор Орбан: Не е во интерес на ЕУ да навлегува подлабоко во конфликтот

ТОА НЕ Е НАША ВОЈНА, РУСИЈА НЕ Е ЗАКАНА! Виктор Орбан: Не е во интерес на ЕУ да навлегува подлабоко во конфликтот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не е во интерес на Европската унија да се придржува до позицијата на Украина, а притоа, пристапот што го избра ЕУ се повеќе ги вовлекува европските земји во конфликтот.

– Ја критикувам европската политика затоа што, наместо да ги следиме нашите интереси, ние целосно се придржуваме до украинските позиции, а тоа не вовлекува сè подлабоко во конфликтот. Ова не е добро за Европа, напротив – многу е штетно – изјави Орбан за весникот „Кориере дела сера“.

Според него, во интерес на Европа е да се стави крај на конфликтот, но ЕУ станува една од страните во конфликтот.

– Ова не е наша војна – рече премиерот.

Орбан, исто така, ги отфрли тврдењата дека Русија претставува закана за безбедноста на Европа.

– Нашата безбедност не е загрозена. Ако Европа одлучила да стане страна во тој конфликт, тогаш Унгарија не се придржува до тој став – нагласи премиерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни