Волонтерите и спасувачите во вторникот побрзаа да ги обезбедат бреговите на реката на историскиот град во Полска, Вроцлав , додека жителите на други места во централна Европа ги пресметаа трошоците за поплавите што опустошија цели региони и однесоа најмалку 21 живот. Разорните поплави опустошија области од Романија до Полска. Иако водите се повлекоа во многу области, на други места стравуваат дека реките ќе ги скршат коритата.
Чешко-полските погранични области се меѓу најтешко погодените од викендот, бидејќи надојдените реки преполни со отпад опустошија историски градови, урнаа мостови и уништија домови. Поплавите однесоа седум животи во Романија, а од викендот водата почна да се повлекува. Шест лица загинаа во Полска, пет во Австрија и три во Чешка. Десетици илјади чешки и полски домаќинства останаа без струја и вода за пиење.
Третиот по големина полски град, Вроцлав, се подготвува за врвни нивоа на водата на реките Одра и Бистрица. Во северните предградија, 44-годишниот ИТ менаџер, Михал Накиевич, е еден од десетиците волонтери кои им помагаат на екипите за итни случаи да наредат вреќи со песок на брегот на Бистрица.
„Ги видов и родителите и децата како помагаат да го наполнат песокот. Видов дури и 5-годишни и 6-годишни деца, така што имаше доста луше“, рече тој.
„Мислам дека службите за итни случаи немаат недоволно персонал, така што секој пар раце помага“.
Градската зоолошка градина повика доброволци да помогнат да се пополнат вреќи со песок за да се заштитат живеалиштата на животните, а вработените и волонтерите почнаа да пренесуваат дел од 450.000 книги од архивата на главната црква во градот до горните катови на зградата на Архиепископската архива.
Полската министерка за фондови и регионален развој, Катаржина Пелчинска-Налец, рече дека 390 милиони евра од средствата на Европската унија за Полска ќе бидат пренасочени за реконструкција, додека дополнителни 800 милиони евра потенцијално ќе бидат наменети за изградба на насипи, акумулации и брани.
Во Унгарија , во градовите Вишеград и Зентендре, северно од Будимпешта, властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода и го затвори островот Маргарет, одморалиште со хотели и ресторани. Во Словачка министерот за животна средина Томаш Тараба рече дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигна близу 10 метри и дека нивото на водата нема така лесно да се спушти. Тој рече дека штетите од поплавите низ државата се проценуваат на околу 20 милиони евра.
Италија е сега на „удар“ од бранот кој пристигна во централна Европа. Оваа земја се подготвува за поплави, а најкритична ќе биде областа околу Болоња и Римини.
Austria, Poland and Czech Republic grain harvest underwater, signaling a wipe out of this year’s central European crop production. How will this drive-up food prices further across the planet? @volcaholic1 @SOTTnet #europefloods #floods pic.twitter.com/y9s2OqyoFe
— David DuByne (@adapt2030) September 18, 2024
🇵🇱 Devastating Floods in Central Europe continue.
The collapse of the Paczków dam in Poland, the footage below highlights the strenght of Nature’s elements.
Stay safe out there😔 pic.twitter.com/EWBoeodknU
— Angry Citizen (@AngryCitizenxx) September 18, 2024