Свет

ФОТО: Африка покриена со снег, граѓаните добија алармантно предупредување! (ВИДЕО)

ФОТО: Африка покриена со снег, граѓаните добија алармантно предупредување! (ВИДЕО)

Обилните снежни врнежи ги затворија патиштата во Јужна Африка. Патниците се заглавени во своите автомобили по невообичаено обилните снежни врнежи во тој дел од континентот. Во некои делови на Африка снег падна и до два метри.

Особено погоден е автопатот N3, кој ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои останале заробени во нивните возила во деловите каде што патот бил затворен. Некои ја поминаа ноќта во своите автомобили. Клучниот автопат на истокот од земјата е еден од најтешко погодените, а неколку делници се затворени, а непроодни се и обиколниците, соопштија властите, пренесува РТС.

„Сè уште нема детални информации за состојбата на дел од учесниците во сообраќајот кои ги зафати силен снег“, изјави управителката на Управата за наплата, Тања Дугра.

„Службите за итни случаи работеа без престан во текот на ноќта. Тие се обидоа да стигнат до што е можно повеќе учесници во сообраќајот“, вели Дугра.

Ќебиња и оброци се доставени до некои заглавени возачи, соопшти провинциската влада КваЗулу-Натал.

Камиони се паркирани на страната на патот од петокот, изјави претставник на корпорацијата за управување со патниот сообраќај Сајмон Цвејн за АФП: „Автобусите што патуваат меѓу провинциите се заглавени на бензинските пумпи околу седум часа“.

Мухамед Гулам за каналот Newsroom Africa изјави дека ноќта ја поминал во автомобил со своите деца надвор од градот Харисмита, на околу 270 километри југоисточно од Јоханесбург.

„Бевме блокирани повеќе од 13 часа, бевме без храна. Немаше да успееме да се спасиме без помошта на итната помош“, изјави Гулам.

Во некои области снежната покривка е дебела и до два метри, соопштија од претпријатието за безбедност на патиштата.

„Се очекува повеќе снег и има портокалови предупредувања во неколку делови од земјата. Ова е екстремен случај“, рече синоптичарот на Јужноафриканската метеоролошка служба Лутандо Масимини.

Далеку од подрачјата погодени од снег, оваа ретка појава привлече голем број луѓе да патуваат и да го видат снегот. Џастин Надасем Бејкер возел три часа од Јоханесбург со семејството до Варден.

„Тоа беше три часа возење. Возбудени сме. Поминаа многу, многу години откако последен пат видовме снег“, рече Бејкер.

Автобусите што ги поврзуваат провинциите повеќе од седум часа чекаат на бензинските пумпи, а камиони од вчера попладне се паркирани покрај патот, соопшти службата за комуникации на корпорацијата за управување со патниот сообраќај.

На некои места жителите немаат пристап до храна, вода и лекови повеќе од 12 часа, а температурата е исклучително ниска, велат властите, додавајќи дека хеликоптерите не можат да полетаат поради обилните снежни врнежи, маглата, дождот и слабата видливост долж рутата.

Јужноафриканската метеоролошка служба вчера издаде повеќе предупредувања, истакнувајќи ја можноста за врнежи од снег, силен дожд и силен ветер во неколку провинции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни