Свет

ВИДЕО: Први снимки од нападот на Иран врз Израел – Стотици ракети на небото, жителите во паника

ВИДЕО: Први снимки од нападот на Иран врз Израел – Стотици ракети на небото, жителите во паника

Израелската армија соопшти дека пред неколку минути биле лансирани ракети од Иран кон Израел. На социјалните мрежи се појавија првите снимки од експлозии кои одекнуваат над Тел Авив.ж

На видеото објавено на социјалната мрежа „Х“ се гледаат проектили, но се слушаат и сирени како одекнуваат.

Како што се наведува, истрелани се повеќе од 100 ракети.

Експлозии се слушаат и во Ерусалим, изјавија очевидци за Ројтерс.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија објава во која се наведува дека сите израелски цивили се во засолништа за бомби додека ракетите од Иран се истрелани кон Израел.

Да потсетиме, израелските војници синоќа извршија инвазија на територијата на Либан, со цел да извршат „ограничени операции против Хезболах“.

Според израелските власти, операцијата ќе трае неколку дена. Претходно имаше силно гранатирање на Либан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни