Свет

Либанската армија првпат пукаше кон израелските сили, вели извор

Либанската армија првпат пукаше кон израелските сили, вели извор

Либанската армија возврати со оган врз израелските сили за прв пат од почетокот на конфликтот пред една година, изјави извор од либанската безбедност за Ројтерс.

Самата армија соопшти дека пукала кон „изворот“ на израелскиот напад врз либанската воена пункта на југ, во кој загина еден од нејзините војници.

Веста доаѓа само неколку часа откако армијата објави дека уште еден либански војник бил убиен, а друг ранет откако бил цел на израелски напад додека бил на спасувачка мисија со Црвениот крст.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни