Педесет и четиригодишен жител на тетовското село Боговиње е осомничен дека измамил 45-годишен маж за 2.000 евра, ветувајќи му дека ќе му обезбеди документи за престој и работа во странство.
Според информациите од МВР, Н.И. му ветил на оштетениот дека ќе ја заврши потребната документација, по што парите му биле предадени преку посредник.
Меѓутоа, документите не биле обезбедени, а оштетениот сфатил дека бил измамен.
СВР Тетово поднела кривична пријава против осомничениот за кривичното дело „измама“.