Патничко возило Mercedes целосно изгорело во пожар што рано утрово избувнал на подрачјето на скопската општина Аеродром, додека огнот зафатил и втор автомобил.
Според информациите од МВР, пожарот бил пријавен на 15 октомври околу 2:55 часот.
Целосно опожареното возило било сопственост на правно лице, а било паркирано од 43-годишниот С.Т. од Скопје.
Огнот се проширил и на автомобил Opel Astra, сопственост на И.Р. (43) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пожарот.