Возачките дозволи со „Република Македонија“ престануваат да важат на 1 јануари и возачите имаат обврска до тогаш да ги променат доколку сакаат да управуваат моторно возило. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на ТВ21 вели дека полицијата ќе ги казнува возачите кои ќе возат со старите дозволи.
Министерот вели дека во моментот нема гужви и нема проблем да се извади дозвола со новото уставно име.
„Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден“, рече Тошковски.
Во законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се вели: Доколку полициски службеници ве фатат со стара возачка дозвола ќе добиете прекршочен платен налог и парична казна од 100 евра.