Свет

Ураганот Милтон пристигнува на Флорида: „Ова е најголемата бура во последните 100 години и најголемата евакуација“

Ураганот Милтон пристигнува на Флорида: „Ова е најголемата бура во последните 100 години и најголемата евакуација“
This GOES-East GeoColor satellite image taken at 1:20 p.m. EDT, and provided by NOAA, shows Hurricane Beryl moving towards Jamaica, Wednesday, July 3, 2024. (NOAA via AP)

Американските власти во вторникот ги засилија повиците до жителите на Флорида да се евакуираат пред пристигнувањето на Милтон, „исклучително опасен“ ураган што се очекува да го погоди американското тло меѓу среда и четврток, и кој може да биде „најлошата бура“ што го има погодено полуостровот во последните сто години.

„Цела Флорида е под некаков вид на надзор или тревога“, изјави во вторникот гувернерот Рон ДеСантис.

„Милтон може да биде најлошата бура на Флорида во последните сто години. Мора веднаш да се евакуирате, тоа е прашање на живот и смрт“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Како што објави Њујорк Тајмс, Флорида е во состојба на општ хаос.

Десетици илјади луѓе ги блокираа патиштата обидувајќи се да се евакуираат и заглавија во сообраќајниот метеж.

Застрашувачката бура, чија моќност за момент падна, во вторникот попладне се врати во категоријата 5, со ветрови од 265 километри на час.

Гувернерот Рон ДеСантис во вторникот изјави дека Флорида подготвила десетици засолништа надвор од зоните за евакуација за да им помогне на жителите. Долги редици на бензинските пумпи се формираа низ Јужна Флорида, бидејќи некои станици почнаа да остануваат без гориво.

Ова е една од најголемите, ако не и најголемата евакуација во историјата на земјата, пишуваат американските медиуми.

Во меѓувреме, Белата куќа го откажа планираното патување на Бајден во Германија и Ангола за да ги надгледува тековните подготовки за пристигнувањето на ураганот Милтон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни