Свет

Мал авион во САД се урна покрај куќи, пилотот загина

Мал авион во САД се урна покрај куќи, пилотот загина

Вчера во американскиот град Савана, во државата Џорџија, се урна мал авион при што загина пилотот, а еден патник беше повреден, јави ABC News.

Несреќата се случила во населбата Ламара Хајтс, според информациите објавени од локалната полиција. За среќа, никој на теренот не е повреден, а Федералната управа за авијација (FAA) ќе спроведе дополнителна истрага.

Пожарникарите на Унијата на Савана објавија на Фејсбук дека добиле извештај за падот околу 21:46 часот.

Кога пристигнале пожарникарите, пилотот и патникот се уште биле заробени во авионот. Постапивме брзо за што поскоро да ги извадиме и да обезбедиме итен транспорт до болницата“, се вели во нивното соопштение.

Областа ќе остане затворена додека не заврши истрагата и не се отстрани авионот, рекоа официјални лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни