Македонија

Универзална преземена на незаконски начин со бројни прекршувања, вели Љутков

Универзална преземена на незаконски начин со бројни прекршувања, вели Љутков

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изрази задоволство од постигнатото во првите 100 дена од своето работење, најавувајќи нови проекти кои ќе ја унапредат културата и туризмот.

Тој ветува дека Универзалната сала ќе биде завршена до 2028 година, со почитување на законските процедури. Љутков откри дека проектот бил преземен од Град Скопје на незаконски начин, и целиот случај е предаден на Основното јавно обвинителство.

„По темелно и стручно прегледување на целокупната документација, процес кој траеше два месеци, Извештајот е готов и фактите потврдени од професионалци и искусни правници, вработени во Министерството за култура и туризам, говорат дека Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Констатирано е дека склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи таксативно кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, а договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности. На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон (за втора фаза од реконструкцијата)“, вели Љутков.

Според него, Министерството за култура и туризам условно исполнил само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни