Свет

САД ги следат иранските закани кон Трамп: Белата куќа предупредува на тешки последици!

САД ги следат иранските закани кон Трамп: Белата куќа предупредува на тешки последици!

Белата куќа објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и предупреди на „тешки последици“ доколку Техеран нападне кој било американски државјанин.

„Сметаме дека ова е прашање на национална и внатрешна безбедност од највисок приоритет и силно го осудуваме Иран за овие дрски закани“, се вели во официјалното соопштение на Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савет, исто така рече дека доколку Иран нападне некој од американските граѓани, вклучително и оние кои извршуваат државна функција или оние кои претходно ја извршувале, Техеран ќе се соочи со „тешки последици“.

На Иранците преку дипломатски канали им беше кажано дека Вашингтон секоја закана по животот на Трамп ќе ја смета за воен чин, изјави неименуван функционер за Ројтерс.

Во јануари 2020 година, Трамп, кој тогаш беше претседател на САД, нареди американски воздушен напад во Багдад, во кој беше убиен командантот на елитните ирански сили Кудс, генерал Касем Сулејмани, откако доби разузнавачки информации, како што беше наведено од Белата куќа дека Сулејмани планира непосредни напади врз американски дипломати и вооружени сили во Ирак, Либан, Сирија и на други места на Блискиот Исток.

Трамп, кандидатот на републиканците, на претседателските избори во САД, кои се одржуваат на 5 ноември, објави дека добил информации од американски разузнавачи за наводна закана од Иран, поврзана со загрозување на неговиот живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни