На денешното судење за двојното убиство на малата Вања и Панче од Велес, Музафер Каришиќ, сведок предложен од обвинителството кој тогаш бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи изјави дека „првиот впечаток за таткото било чудно за него но и за колеги, после разговорот анализирале дека бил конфузен“.
„Од моментот кога имаше пријава за исчезнато девојче јас бев информиран од страна на началникот на СВР Скопје, имав ингеренции да ги координирам службите, веднаш контактирав со станицата надлежна каде е пријавено исчезнувањето. Од таму ме информираа дека преземени се сите мерки и дејствија по пријавата. Постапката за исчезнато лице се пријавуваме на подрачното место каде што е исчезнато. Касно ноќта вечерта се вклучивме и ние како старешини, бидејќи се појавуваа написи дека девојчето е киднапирано. Првата средба со родителите на Вања беше на денот на пријавување во вечерните часови. Тогаш ние директно се вклучивме во работата, отидовме да видиме што е сработено и што да се преземе. Тогаш родителите за прв пат ги видовме, во тој момент се запознавме со родителите. Мајката беше посталожена. Првиот впечаток за таткото беше чудно за мене но и за колеги, после разговорот анализиравме беше конфузен, потиштен во многу изјави и многу работи кои ние го прашувавме. Девојчето не било скарано со родителите. Сите полициски службеници, сите униформирани полицајци, сите старешини беа вклучени во дејствија за пребарување, вели Каришиќ.