Македонија

Во Берово утрово минус три степени

Во Берово утрово минус три степени

Минималните температури утрово беа -3 Берово, 0 Битола, 1 Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, 6 Попова Шапка, Крушево, Виница, Охрид.

Времето во текот на ноќта беше претежно ведро, а изутринава е сончево. Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде
претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура
ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје претпладне со слаба магла, преку денот сончево и претежно тивко.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни