Свет

Камала: Путин би седел во Киев доколку Трамп беше претседател

Камала: Путин би седел во Киев доколку Трамп беше претседател

Американскиот потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис во понеделникот предупреди за последиците од можната победа на нејзиниот ривал Доналд Трамп.

– Мислам дека е многу важно да признаеме, и тоа јавно го кажав, дека Доналд Трамп е несериозен човек и дека последиците од тој повторно да биде претседател на Соединетите Американски Држави се брутално сериозни – им рече Харис на приврзаниците во Висконсин.

Таа додаде дека светот ги следи претседателските избори на 5 ноември, а сојузниците на САД се загрижени.

– Владимир Путин би седел во Киев доколку претседател беше Доналд Трамп – подвлече Харис, додавајќи дека Трамп „сака да му угоди на некој што го смета за силен човек и на кого му се восхитува“.

Трамп минатата недела изјави дека има „многу добри“ односи со Путин, но не откри дали разговарал со рускиот претседател откако ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни