Македонија

Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил истакна дека тврди оти водата во Струмица е исправна.

„Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки“, напиша Костадинов.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни