Кутија за предвремено гласање во државата Вашингтон пред претседателските и конгресните избори во САД на 5 ноември изгоре денеска во сомнителен подметнат пожар што го истражува ФБИ, соопшти локалната полиција.
Снимката од локалната телевизија КАТУ покажува чад што доаѓа од гласачката кутија во Ванкувер, а може да се видат и повеќе запалени гласачки ливчиња. Кутијата не беше испразнета од 8 часот наутро по локално време во неделата, па стотици гласачки ливчиња беа уништени, соопшти телевизијата, повикувајќи се на локалните власти.
The Clark County Elections ballot drop box at the Fisher’s Landing Transit Center was lit on fire this morning. Clark Co. Auditor Greg Kimsey says hundreds of ballots were inside at the time, the last pickup being 11AM Saturday. Full story here https://t.co/sYkz8ydEqH @KATUNews pic.twitter.com/a8vw0QXXoY
— Evan Bell (@evanbellKATU) October 28, 2024
Полициската управа на Ванкувер соопшти дека отстранила „сомнителен уред“ што бил до кутијата.
Кутијата се наоѓаше во 3-от округ на државата Вашингтон, седиштето на една од најнеизвесните трки во Претставничкиот дом, во која се натпреваруваат демократската претставничка Мари Глузенкамп Перез и републиканскиот противник Џо Кент.
Инцидентот е последен во серијата саботажи на гласачките кутии. Полицијата во Портланд, Орегон во понеделникот наутро добила пријава за сличен пожар предизвикан од запаливо средство во гласачка кутија.
Во четвртокот во Феникс беше уапсен маж откако беше запалено поштенско сандаче при што изгореа 20 гласачки ливчиња.