Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил сподели фотографии од денешната средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон.
Во објавата, Мицкоски вели „отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија“.
„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон.
Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива.
Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, пишува во објавата на Мицкоски.