Македонија

Пожар во стариот дел на Охрид, пожарникарите заглавени поради неправилно паркирани возила

Пожар во стариот дел на Охрид, пожарникарите заглавени поради неправилно паркирани возила

Од ТППЕ Охрид јавуваат дека ноќеска бил пријавен пожар во возило во стариот дел на градот.

Но, пожарникарите имале проблем да пристапат, поради неприписно паркирани возила во тој дел од градот. Од ТППЕ Охрид апелираат до граѓаните да ги паркираат возилата на соодветни места, за да може да поминат пожарните и возилата за брза помош.

„Ноќеска нешто по 01:30 ТППЕ Охрид прими дојава за запалено возило во стар дел на град, на тешко пристапен терен. Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош!“, стои во објавата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни