Македонија

ФОТО/ВИДЕО: Пристапот е ограничен, повеќе полициски единици пред домот на Штекли

ФОТО/ВИДЕО: Пристапот е ограничен, повеќе полициски единици пред домот на Штекли

По експлозијата на бомба која утрово се случи во дворот на Раде Трајковски познат како Штекли полицијата го започна увидот.

Како што објави Курир пристапот е ограничен, а екипи од повеќе полициски единици се на терен и вршат увид. Околните жители велат дека експлозијата била многу силна и страшна.

-Првично помислив дека можеби е нешто во топланата, но потоа се утврди дека станува збор за фрлена бомба, вели еден од соседите.

Од полицијата претходно информираа дека пријавата за експлозијата ја добиле во 09:20 часот.

-Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Ова е трет обид за убиство кон Раде Трајковски Штекли. Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт. Во еден од нападите беше погоден со пет куршуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни