Македонија

ВИДЕО Нов хаос во Собрание, овој пат меѓу пратеници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

<span style="color: red;">ВИДЕО</span> Нов хаос во Собрание, овој пат меѓу пратеници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Искри меѓу пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ и пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска седница каде што се расправаше за предлог буџетот за 2025 година.

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата.

Битиќи, реплицирајќи на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, наеднаш го крена прстот кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и видно револтиран неколкупати повтори: „Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат.“ По ова, ја прекина репликата и се упати кон пратеникот Бојан Стојановски, што предизвика дополнителна тензија.

Камерата од седницата ја насочи вниманието кон групата пратеници околу Битиќи и Стојановски, каде што интервенцијата на присутните спречи ескалација на ситуацијата.

Во својата реплика, Битиќи изнесе забелешки за јавниот долг, кој, според него, ќе достигне 70,8% од БДП, вклучувајќи ги неисплатените обврски од локалната самоуправа. Тој исто така посочи дека ставката за „Стоки и услуги“ е зголемена за 15%, а „Договорните услуги“ за 4,9 милијарди денари или над 80 милиони евра. Овие тврдења, според присутните, предизвикаа остри реакции и непристојни коментари од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни