Свет

Бизарна ситуација во Австрија, изби голем скандал: Воздушниот простор на земјата остана ЦЕЛОСНО НЕЗАШТИТЕН, а причината е сосема неверојатна

Бизарна ситуација во Австрија, изби голем скандал: Воздушниот простор на земјата остана ЦЕЛОСНО НЕЗАШТИТЕН, а причината е сосема неверојатна

Воздушниот простор на Австрија во текот на изминатиот викенд беше целосно незаштитен, а причината за тоа е, од една страна, прилично бизарна ако се земе предвид развојот на земјата.

Имено, според австриските медиуми, борбените авиони Јурофајтер што ги користи австриската армија викендов морале да останат на земја, а оваа одлука за медиумите ја потврдиле и армијата и австриската контрола на летање.

Иако медиумите ја критикуваа ваквата одлука и пишуваа за тоа како е невозможно земја како Австрија да нема борбен авион на готовност во случај на инциденти, армијата ја образложи оваа одлука.

Како што се наведува, авионите останале на земја поради фактот што сите контролори на летот на борбените авиони имале премногу прекувремени часови и поради тоа биле принудени да го земат викендот.

„Министерството за одбрана со години работи на решавање на проблемот со премалку контролори на летање. Имаше многу разговори, но никој не сакаше да го препознае овој проблем“, изјави началникот на Генералштабот на австриската армија Рудолф Стридингер.

Беше истакнат уште еден проблем поврзан со платите, што следствено доведе до помал број контролори.

“Многу контролори на летање преминаа на Austro Control затоа што плаќаа подобро. Во војската луѓето размислуваат за бонуси за вработените. Сличен проблем се случи и со пилотите на пресретнувачите, во тоа време Сааб Дракен, во 1980-тите. Тогаш проблемот беше решен со специјални договори, што значеше дека пилотите заработуваа колку и оние во Австрија во комерцијалниот бизнис Сега нешто такво е потребно за контролорите на летање“, велат тие.

На ваквата одлука реагираа и австриските десничари кои го критикуваа министерството кое е под контрола на Зелените.

„Австрискиот воздушен простор беше целосно без одбрана во текот на викендот и сите вооружени сили во светот, како и терористите, можеа непречено да го користат австрискиот воздушен простор“, рече портпаролот на ФПО, Фолкер Рајфенбергер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни